Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper над Црното Море

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска. 

„Нашиот  MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикаше пад на двете летала“, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер, командант на американските ВВС во Европа и Африка.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ