Кога некој ќе каже чизкејк, веднаш помислуваме на кора од бисквити, кремаст фил и овошен прелив, но кога ќе го пробате овој сосема поинаков, чизкејк кој се пече во рерна, сè што сте јаделе досега ќе биде заборавено.
Првата помисла кога ќе го видите овој колач е дека е изгорен, но ќе згрешите. Ова е дефинитивно еден од највкусните колачи кои некогаш сте ги пробале, а иако не изгледа привлечно, мора да го пробате бидејќи ќе бидете воодушевени.
Чизкејкот Сан Себастијан е направен случајно, по грешка на ученик во барот „La Vina“ во Шпанија. Ученикот случајно го ставил колачот во погрешна рерна, по што потемнел, како да изгорел, а внатрешноста останала кремаста. Го послужиле како нов колач во барот, гостите биле воодушевени, а оттогаш е вистинска сензација.
Потребни состојки:
– 500 гр. маскарпоне сирење
– 200 гр. крем сирење
– 75 гр. шеќер
– 75 гр. кафеав шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 4 јајца
– 400 мл. слатка павлака
– 20 гр. брашно
Начин на подготовка:
1. Во еден сад измешајте го маскарпонето, крем сирењето, шеќерот, кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер за да добиете кремаста смеса.
2. Додајте ги јајцата и соединете.
3. Потоа додајте ја слатката павлака и измешајте, па на крајот додајте го брашното и сè добро соединете.
4. Смесата истурете ја во калап (20 см) обложен со хартија за печење.
5. Печете 45 минути на 220 степени.
6. По печењето, колачот е сè уште течен, оставете го во фрижидер преку ноќ.
7. Можете да го послужите премачкан со мед, џем или чоколадо растопено во слатка павлака.