Според последните информации, најмалку 18 лица загинале во катастрофалните поплави кои го зафатија поголемиот дел од Босна и Херцеговина.
Според информациите на „Аваз“, во Јабланица загинале најмалку 16 лица, додека во Фојница се пронајдени две тела – една жена и еден маж.
Да потсетиме, обилните врнежи во текот на ноќта ја зафатија Босна и Херцеговина и предизвикаа поплави во повеќе градови.
Катастрофални поплави ги погодија Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, а најмногу Јабланица, поради што на повеќе места е прогласена состојба на елементарна непогода.