Ѓорѓиевски и Ристовски го означија стартот на Скопскиот маратон

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски денес го означи стартот на овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон.

Упати благодарност до Министерството за спорт кое е главен покровител на настанот и на сите учесници им посака успешна трка.

-Скопје е на нозе! Заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имавме чест да го означиме стартот на овогодинешната најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Повеќе од 14.000 учесници од над 50 земји од светот го наполнија главниот град ова утро, што беше една прекрасна глетка и дружење. Голема благодарност до Министерството за спорт кој е главен покровител на овој настан и министерот, кој силно ги поддржува спортистите. Трчањето е најефикасен начин за одржување на здравјето. Да бидеме физички активни и да се чуваме. Следната година помасовни и со нови сили.Нека победи најдобриот-изјави грaдоначалникот Орце Ѓорѓиевски

ОСТАНАТИ ВЕСТИ