Македонија убедливо ја победи Летонија и го задржа првото место на табелата

Македонската репрезентација запиша планирани три бода на гостувањето во Рига, убедливо триумфирајќи со 0-3 против Летонија во 3. коло од Групата 4 во Ц-лигата  на нациите. Избраниците на Боби Милевски сосема заслужено, со подобра игра на теренот, и покрај големите проблеми околу креирањето на тимот поради дури пет отсуства, низ тактички мудро поставена игра, стигнаа до триумфот од 0-3 со кој Македонија ја задржа лидерската позиција во својата група и по третата рунда натпревари. Македонија и по четвртиот меч со Летонците е со максимален ефект!

Во 35. минута потклекна одбраната на Летонците. Одлична акција на Елиф Елмас по средината од шеснаесетникот, мајсторски го проигра Миовски кој извонредно прими и проигра на прва статива каде натрча Јани Атанасов за водство од 0-1.

Во финишот на првиот дел, непотребно им дозволивме да креираат шанси па имаа можност и за израмнување, но Столе Димитриевски извонредно одбрани.

Летонцте стартуваа поагресивно во вториот дел, па по нашата грешка на средината од теренот одлична акција по која Икануиекс со глава од непосредна близина, но за малку покрај голот на Димитревски.

Во 57. минута мајсторски обид и на Давид Бабунски од 18 метри, но Матревич сигурен на голот на Летонците.

Македонија свесно остави простор на Летонија во вториот дел, посакувајќи преку контранапади да го загрози голот на домашните. Па, тоа се случи во 70. минута кога Столе Димитриевски дегажираше, топката пред шеснаесетникот на домашни одлично ја украде Лирим Ќамили и мајсторски од 15 метри шутираше за водство и од 0-2. Откако доби една долга топка, одлично се ослободи од противничките играчи, и стрелаше со левата нога. 

До крајот само рутинско одржување на водството за конечна победа од 0-2 и важни три бода од гостувањето во Рига. За да на крај блесне Елиф Елмас кој на целиот натпревар се врати во форма, онаков каков што го посакуваме… Евро-гол на „дијамантот“ за убедлив триумф од 0-3!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ