СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. Едно од лицата им подлегнало на повредите, додека второто е хоспитализирано.
По преземените мерки, на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.