Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0.

Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу повеќе шанси.

Елмас во 19. минута од средбата со прекрасен гол, откако направи „дар-мар“ низ одбраната на Лихтенштајн донесе водство.

Вториот гол се случи на стартот од вториот дел, откако во 51. минута од средбата Барди на асистенција на Илиевски стрелаше за 2-0. Пет минути подоцна Чурлинов погоди за 3-0. По асистенција на Барди, Чурлинов се најде сам пред голот, и откосо погоди во горниот десен агол.

До крајот на мечот гол постигна и Лирим Ќамили, на асистенција на Алиоски за 4-0, а во последните секунди од мечот стрелец беше и Станковски, кој на асистенција на Зајков по изведен корнер ја погоди празната мрежа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ