Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи, објави денеска италијанскиот клуб.
Играчот од средниот ред оди како позајмен во Наполи до крајот на сезоната, со право на откуп од страна на неговиот поранешен клуб.
Елмас беше во Наполи од 2019 до 2023 година, пред да се пресели во Лајпциг. Меѓутоа откако не успеа да се снајде во германскиот тим, последните шест месеци ги мина како позајмен во Торино, а сега одново се враќа во Италија, каде што ги доживеа најблескавите мигови во својата кариера.
За потсетување, Елмас во сезоната 2022/23 го освои Скудетото, а претходно го освои и Купот на Италија.