За време на воена вежба по повод 250-годишнината од американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија, дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, беше погоден од метални шрапнели откако артилериска граната експлодираше над автопатот, соопшти Калифорниската сообраќајна полиција (CHP).
Инцидентот се случил за време на вежба со боева муниција над автопатот I-5, каде што полицајците на CHP го запреа сообраќајот од безбедносни причини.
Гранатата предвреме детонираше во воздух, а делови од експлозивната направа погодија возило на CHP и мотоцикл што го придружуваше потпретседателот, пишува Axios.
Граната го погодила обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на вежба во Калифорнија
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft