Алдин Бајрамоски ќе ја претставува Македонија на Балканското карате првенство во Ријека Р.Хрватска

Голема чест за Лабуништа и за Карате клубот „Ерол 2007“!
Нашиот млад каратист Алдин Бајрамоски ќе учествува на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), кое ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2025 година во Ријека Р. Хрватска.

Алдин ќе се натпреварува во категоријата борби – кадети до 63 кг, како дел од Македонската карате федерација.

Тимот ќе го предводи тренерот Ерол Зенделоски од Лабуништа, кој ќе биде дел од стручниот штаб и ќе ги води младите натпреварувачи во борби.

💪 Му посакуваме на Алдин многу успех и среќа на Балканското првенство!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ