Бројот на исчезнати во пожарот во Хонг Конг се намали на 150, а бројот на жртви останува 128

Властите во Хонг Конг го намалија бројот на исчезнати во смртоносниот пожар во станбен комплекс во тој град од 200 на 150, додека бројот на жртви останува 128, изјави денес полициски службеник.
Службеникот рече дека се очекува бројот на жртви од пожарот да се зголеми, пренесува Ројтерс.
Поради големиот број жртви во пожарот во Хонг Конг, денес започна тридневна жалост.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ