Четири лица се повредени откако противвоздушна граната експлодираше во воен тренинг центар во Паџу, во близина на меѓукорејската граница, објавија денес јужнокорејските воени претставници.
Експлозијата се случила утрово за време на вежба за гаѓање од воздушна одбрана, кога артилериски проектил од 30 милиметри се заглавил во магацин за муниција, објави Јонхап.
Тројца подофицери и еден цивил беа префрлени со хеликоптер во воена болница во Сеонгнам, јужно од Сеул.
Четири лица повредени во експлозија на противвоздушна граната во воен центар во Јужна Кореја
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft