Заземањето на клучниот украински град Покровск ѝ овозможи на војската да продолжи со своите задачи во офанзивните операции во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Ова е важна насока . Сите разбираме колку е важна. Ќе обезбеди решенија за задачите што првично ги поставивме на почетокот на специјалната воена операција“, рече Путин за време на посетата на командниот пункт во неделата.
Русија ја нарекува својата инвазија на Украина, која трае повеќе од 3 и пол години, специјална воена операција.
„Руските вооружени сили самоуверено ја држат иницијативата и продолжуваат да ги извршуваат задачите на операцијата. Руските сили напредуваат практично во сите правци.“, рече Путин.
Украина, според Путин , не била во можност да реагира на напредокот на руската армија и ги издвои успесите забележани појужно во Запорожје.
