Шест помали земјотреси ја погодија Италија во текот на ноќта

Неколку мали земјотреси, за краток временски период, го погодија подрачјето на Италија помеѓу Ромања и Тоскана во текот на ноќта, јавуваат италијанските медиуми.
Во периодот од 22:38 часот е регистриран таканаречен „сеизмички рој“ од шест земјотреси, од кои најголемиот е регистриран во 3:36 часот наутро, со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, помеѓу Чезена и Арецо, јавува Анса.
Епицентарот на овие земјотреси бил помеѓу општината Верџерето (Форли-Чезена) во Ромања и тосканската општина Киузи дела Верна (Арецо), пренесува агенцијата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ