Северна Кореја испали околу 10 ракети од повеќецевен ракетен фрлач, очигледно како дел од редовните зимски воени вежби, објавија денес јужнокорејските воени претставници.
„Армијата откри дека околу 15 часот во вторник, околу 10 ракети биле лансирани во правец на север од Жолтото Море“, објави началникот на Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија и додаде дека е во тек детална анализа, пренесува Јонхап.
Се верува дека ракетите се лансирани од 240-милиметарски повеќецевен ракетен фрлач, кој има дострел до Сеул и соседните области.
ФОТО: Архива
Сеул: Северна Кореја лансираше десетина ракети од повеќецевен ракетен систем
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft