Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“.
Според првичните информации, напаѓачот и жртвата се познавале од претходно. Осомничениот по нападот избегал и уште е во бегство, а полицијата не објавува дополнителни детали за него поради истрагата.
Младиот човек претрпел убодна рана во грбот и итно бил префрлен во болница.
Тинејџер избоден со нож на божиќен базар во Германија
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft