Двајца рудари загинаа во Полска

Двајца рудари загинаа во понеделник наутро во експлозија на метан во рудник за јаглен во јужниот полски град Павловице, соопшти менаџерот на рудникот.
Експлозијата се случила во понеделник наутро на длабочина од околу 900 метри, соопшти компанијата „Јастржебска Сполка Вегловa“ (JSW).
Десет рудари биле во близина на експлозијата. Осуммина успеале да избегаат на безбедно, но контактот со 40-годишникот и 41-годишникот бил изгубен. Тие биле пронајдени мртви по седумчасовна потрага, објави ДПА.
Со ова, бројот на загинати рудари во Полска се искачи на 15 оваа година, објавија рударските власти.
Полскиот премиер Доналд Туск во вторник наутро изрази сочувство до семејствата на жртвите, а претседателот Карол Навроцки рече дека ја примил веста за несреќата „со голема тага“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ