Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2025 пред
преполна публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, го одржа своето 16-то
издание.
На самиот почеток на фестивалот поздравен збор зеде познатиот дебарски композитор
Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот Радика Фест 2025 кој ги поздрави
присутните гости а на учесниците им посака многу успех.
На фестивалот настапија околу 30 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-
Маврово, Струга и Охрид кои изведоа 12 нови авторски композиции.
Инаку, Фестивалот Радика Фест од Дебар во изминатите 15 изданија има реализирано
повеќе од 200 композиции на кој имат настапувано над 400 учесници.
Стручното жири на фестивалот во состав Меџит Муслиовски, Алберт Салиу и Предраг
Ристески доделија награди од стручното жири, награда од публиката, награди за најдобар
вокал, награди за најдобар сценски настап, награда за Бест талент, Бест хит и Бест Јуниор
талент.
Победник на Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2025 е
Ада Кадриоска од Бороец, Струга која ја испеа прекрасната песничката ХОБИ за која
музиката за напиша композиторот Зинче Мимидиноски, текст Лила Тодоровска,
Аранжман Јовица Каралиевски. Нејзиниот прекрасен настап со убавиот вокал ги
воодушеви присутните посетители.
Наградата од публиката ја освои Мелда Кадри од Дебар,
Наградата за најдобар вокал ја доби Бида Оручоска од Косоврасти, Дебар,
Наградата за најдобар сценски настап ја доби Елина Смајлоска од Боровец, Струга.
Целосен преглед на доделените награди:
Награда од стручното жири:
Прво место: Ада Кадриоска
Второ место: Берна Фејзули
Трето место: Санија Исламоска
Награда од публиката:
Прво место: Мелда Кадри
Второ место: Мелек Первизоска
Награда за Најдобар вокал:
Прво место: Бида Оручоска
Второ место: Елина Смајлоска
Трето место: Неџла Даутоска
Награда за Најдобар сценски настап:
Прво место: Елина Смајлоска
Второ место: Нина Сандреска
Награда за Бест Хит: Мелда Кадри и Ада Кадриоска
Награда за Бест талент: Нела Беќироска и Надија Нурединоска
Награда Бест Јуниор талент: Мелда Сулоска
Фестивалот финансиски беше поддржан од : Општина Дебар, ТД БОГРАД Струга ДОО,
АРСЕНАЛ Дооел Струга, ТД ГАЈРЕТ с.Лабуништа Струга, Дооел ЈАСЕН Подгорци, Струга како
и Центар за култура – Дебар
Гостин во програмата на фестивалот како и минатата година беше ГАКУД „Браќа Ѓиноски”
од Гостивар.