Адем Нуроски избран за претседател на Координативното тело на Лабуништа

Избран претседател на Координативното тело на С. Лабуништа – зајакнување на соработката со Општина Струга

На состанок одржан во село Лабуништа, за претседател на Координативното тело на С. Лабуништа, како подогранок во рамки на локалната самоуправа, беше избран господинот Адем Нуроски.

Координативното тело ќе функционира под покровителство и во директна соработка со градоначалникот на Општина Струга, господинот Менди Ќура, со цел поефикасна комуникација меѓу граѓаните и општинските институции, како и навремено решавање на локалните прашања и потреби.

Изборот на новиот претседател претставува значаен чекор кон унапредување на локалното организирање и подобрување на условите за живот во Лабуништа. Во фокусот на работата на Координативното тело ќе биде јакнењето на соработката со Општина Струга, реализација на заеднички проекти и активно вклучување на жителите во процесите на донесување одлуки.

Од локалната заедница се очекува дека со оваа структура ќе се создадат подобри предуслови за развој, транспарентност и ефикасно застапување на интересите на граѓаните.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ