На ден 14.11.2025 беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Струга.
На дневен ред на оваа седница се најде и точка за избор на претседател на Советот на Општина Струга.
Како предлог од коалицијата на Националната Алијанса за Интеграција (АКИ) беше предложен советникот Асим Саитоски од селото Лабуништа, кој беше одбиен од мнозинството во Советот составено од ВМРО, ВЛЕН и независната листа на Рамиз Мерко.
Од АКИ истакнуваат дека, спротивно на сите статутарни правила за работа на Советот, оваа точка била повлечена, поради што Советот не избра претседател.
Од таму повторно нагласуваат дека ваквото постапување е спротивно на утврдените процедури и деловничките правила.