Канадската министерка за одбрана Анита Ананд денеска го посети Киев и најави дека Отава ќе и испорача 200 оклопни возила „Сенатор“ на Украина како дел од новиот пакет воена помош, соопшти канадското Министерство за одбрана.
За време на посетата, Ананд се сретна со министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников и други владини претставници.
Во соопштението се наведува дека вредноста на оклопните возила што ги бара Украина е 62 милиони евра и дека е дел од новиот пакет воена помош што во ноември 2022 година го најави канадскиот премиер Џастин Трудо. (МИА)