– Во овој момент, Дирекцијата за заштита и спасување располага со пет пилоти за ер-трактори, кои се подготвени за дејствување во пресрет на сезоната на шумски пожари. Во моментов, еден ер-трактор е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме во април, најдоцна во мај, да бидат вратени, така што во јуни ќе имаме три функционални ер-трактори и петмина пилоти – изјави вчера директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пред почетокот на конференцијата за меѓународниот проект „Форест фајр Струга – ФФС“ што се одржа во Скопје.
Тој додаде дека истовремено се работи и на обезбедување дополнителен број пилоти. Според него, земјава научила многу од минатото и влегува многу поподготвена во сезоната на пожари, иако вели дека може различно да се толкува поимот „подготвеност“ и дека и многу посилни држави како Грција и Турција секоја година се соочуваат со сериозни пожари и бараат меѓународна помош
Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На располагање имаме петмина пилоти за ер-тракторите, а најдоцна во текот на мај се очекува да бидат вратени од сервис двата ер-трактори, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
– Во овој момент, Дирекцијата располага со петмина пилоти за ер-трактори, кои се подготвени за дејствување во пресрет на сезоната на шумски пожари. Во моментов, еден ер-трактор е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме во април, најдоцна во мај, да бидат вратени, така што во јуни ќе имаме три функционални ер-трактори и петмина пилоти – изјави денеска Ангелов пред почетокот на конференцијата за меѓународниот проект „Форест фајр Струга – ФФС“ што се одржа во Скопје.
Тој додаде дека истовремено се работи и на обезбедување дополнителен број пилоти.
– Од минатата година, на располагање се и 43 специјални возила – претходно воени и полициски, пренаменети за гаснење пожари: 23 „пицгауери“, 15 БТР-80 со моќни водни топови со досег од околу 100 метри, како и пет „хермелини“ за влечење цистерни од четири до осум тони. Дополнително, во некои делови од државата се зајакнати капацитетите со нови или со донирани возила, а некои доброволни противпожарни друштва, како она во Кочани, исто така, значително ги зголемија своите капацитети – истакна Ангелов.
Според него, земјава научила многу од минатото и влегува многу поподготвена во сезоната на пожари, иако вели дека различно може да се толкува поимот „подготвеност“и дека и многу посилни држави како Грција и Турција секоја година се соочуваат со сериозни пожари и бараат меѓународна помош.
Македонија, заедно со дел од државите во регионот, а под покровителство на механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, е вклучена во проектот „Форест фајр Струга – ФФС“, чија цел е зајакнување на капацитетите на тимовите за брз одговор. Проектот беше промовиран вчера, а во него, покрај Македонија, вклучени се и Грција, Кипар, Црна Гора, Албанија и Бугарија.
Во рамките на проектот ќе се одржи и меѓународна вежба што ќе се реализира во регионот на Струга и на Охрид, особено во подрачјата на националните паркови „Галичица“ и „Јабланица“.
Според Ангелов, се работи за значаен проект со оглед на тоа што пожарите на отворен простор не познаваат граници и многу често се шират истовремено на територијата на неколку соседни држави.
– Во јануари оваа година, започна голем меѓународен проект финансиран од Европската Унија – „Форест фајр“. Струга е домаќин, односно ние сме домаќини – Македонија, поточно Дирекцијата за заштита и спасување. Бидејќи пожарите на отворен простор, но и шумските пожари, не познаваат граници, многу често се одвиваат истовремено на територијата на неколку соседни држави. Главните настани ќе се одвиваат на територијата на општините Струга и Охрид, каде што ќе следат повеќе активности во следниот период – појасни Ангелов.