Арсим Далипи: „Лабуништа заслужува повеќе внимание, инвестиции и институционална поддршка“

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од (АКИ), Арсим Далипи, денес беше во посета на жителите на оваа населба, која е едно од најголемите и најважните места во општината.

Во разговорите со граѓаните, Далипи ја почувствува нивната силна љубов кон родниот крај, но и секојдневните предизвици кои бараат конкретни решенија. „Им дадов збор дека Лабуништа ќе има посебен пристап и директна поддршка од мене, затоа што ова место заслужува повеќе внимание, повеќе инвестиции и институционална поддршка,“ изјави Далипи.

Тој го посети и петочниот пазар – местото каде што, како што истакна, чука вистинското срце на трудот и трговијата во Лабуништа. „Тука се чесни, вредни и полни со енергија луѓе кои ја одржуваат економијата на целиот регион,“ додаде кандидатот на АКИ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ