АВИОН СЕ СУДРИЛ СО ПТИЦА, А ПОТОА СЛЕДУВАЛО ПЕКОЛ: Се спуштиле маските за кислород, внатре се појавило чад – еве ги деталите

Авионот што полетал од Куба за САД, морал да се врати во Хавана по судир со птица и, како последица од тоа – пожар во моторот и чад во кабината.

Авионот на „Саутвест ерлајнс“ полетал од Меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана – главниот град на Куба и требало да слета на Меѓународниот аеродром во Форт Лордердејл, Флорида, САД, во неделата попладне. Во инцидентот нема повредени.

Според сведочење на патник, откако птицата влегла во моторот, додека авионот сѐ уште се кревал, се појавил чад внатре, се почувствувал мирис на горење, а маските за кислород испаднале во случај на потреба.

Авионот потоа слетал на Куба, а патниците безбедно се евакуирани.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ