Автобус со деца се преврте на француските Алпи, при што се повредени најмалку 21 лице. Според информациите возилото превртело по падина и завршило во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.
Најтешко повредени се возачот и сопатникот, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјавил Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.
Регионалниот обвинител започнал истрага, а градоначалникот изјавил дека голема е веројатноста возачот да имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.
Локалните власти за француските медиуми изјавиле дека при падот на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.