Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот на САД да издвои дополнителни 58 милиони долари во следната буџетска година за заштита на извршната и судската власт по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк минатата недела.
Во соопштението се повикува и на зголемување на средствата за заштита на членовите на Конгресот, објавува Асошиејтед Прес.
Белата куќа го упати барањето до Конгресот во време на преговори меѓу републиканците и демократите за привремен закон за финансирање.
