Бербок бара од собранието на ОН да се „обединат за мир“ во Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја повика глобалната заедница да испрати јасен сигнал за крај на војната речиси една година по почетокот на руската инвазија врз Украина.

– Денес секој од нас треба да избере: Да застане изолиран со угнетувачот – или да се обедини за мир, рече таа за време на нејзиниот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Бербок го одржа својот говор на барање на Украина како последен редовен говорник пред гласањето за резолуција. Гласањето се смета за глобален тест на чувствата за војната на Москва во соседната земја, пренесува ДПА.

Планот за мир е зацртан во Повелбата на ОН, продолжи Бербок: „Секој од нас овде денес има можност да придонесе за овој мировен план. Со тоа што ќе му каже на агресорот да запре“.

– Не е мир ако агресорот и каже на својата жртва едноставно да се откаже, продолжи Бербок. И не е мир кога агресорот е награден за неговото „немилосрдно насилство“, додаде таа.

Резолуцијата во Генералното собрание на ОН го содржи барањето за мир и повлекување на Москва. Нацртот потврдува голем број претходно усвоени позиции на меѓународното тело, како што е територијалниот интегритет на Украина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *