Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша.

Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс.

ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи.

ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ