Припадник на британските вооружени сили загина во Украина додека набљудувал тестирање на нов одбранбен капацитет, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
„Тој беше повреден во трагична несреќа додека набљудувал како украинските сили тестираат нов одбранбен капацитет, далеку од фронтовските линии“, се вели во соопштението.
Британскиот премиер Кир Стармер изрази „најдлабоко сочувство до семејството“ на припадникот на британските вооружени сили.
Украинската агенција Укринформ цитираше соопштение од британското Министерство за одбрана, во кое се наведува дека британската влада претходно го потврдила присуството на „мал број персонал“ во Украина.
Укринформ претходно објави дека 40-годишниот британски волонтер Крис Гарет, кој работел на деминирање, починал во Украина во мај.
Британски војник загина во Украина: Несреќа за време на тестирање на оружје
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft