„Бритиш ервејс“ во соработка со „Старлинк“ на Илон Маск воведува бесплатен Wi-Fi

„Бритиш ервејс“ постигна договор со сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск за обезбедување бесплатен Wi-Fi во своите авиони од следната година.
Овој договор е дел од дигиталната трансформација на британската авиокомпанија вредна 7,9 милијарди евра, објавува „Јуровикли“.
Најавениот договор е дел од стратегијата на матичната компанија „Интернешнл ерлајнс груп“ (IAG), во која покрај „Бритиш ервејс“ и „Иберија“, се вклучени и „Ер Лингус“, „Вуелинг“ и „ЛЕВЕЛ“, чија цел е да обезбедат бесплатен пристап до интернет во повеќе од 500 авиони.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ