Бројката на жртви од лавината во Словенија се искачи на три лица

Словенечките планински спасувачи утрово ја продолжија својата акција под врвот Тоско во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.

Едниот од нив беше пронајден синоќа во безживотна состојба, а телата на останатите двајца планинаери се пронајдени денеска, за жал во безживотна состојба.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар и неговиот хрватски колега Давор Божиновиќ пристигнаа во одредот за спасувачка служба во Бохињ, кои го следат текот на дејствувањето и координацијата на службите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ