Бројот на жртви во поплавите на Бали се искачи на 18, а две лица сè уште се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти.
Властите во четврток објавија дека 14 лица загинале, а две лица се водат како исчезнати во туристичкиот центар Денпасар, додека околу 500 луѓе биле евакуирани во училишта и џамии.
„Брзиот развој на островот не ја зел предвид потребата од доволна дренажна инфраструктура. Урбанистичкото планирање не ги зема предвид катастрофите. Целата изградба на инфраструктура има за цел да го направи Бали попривлечен за туристите и инвеститорите“, рече И. Њоман Геде Маха Путра, експерт за архитектура и планирање на Универзитетот Вармадева во Денпасар.