Брзата помош прегазила три малолетници кои седеле до возилото на тротоарот, авозачот ги видел кога го стартувал возилото.
Во загрепската населба Бундек синоќа по 22 часот се случила сообраќајна незгода во која возило на итната медицинска помош прегази три малолетни девојчиња, од кои едното потешко, јавија хрватски медиуми.
Според неофицијалните информации од местото на настанот, возачот на Брзата помош прегазила три малолетници кои седеле до возилото на тротоарот, авозачот ги видел кога го стартувал возилото.
Имено, Брзата помош била на интервенција во Бундек поради друг случај. Кога завршиле со интервенцијата се упатиле кон болницата, но во близина на тротоарот седеле три малолетни девојчиња кои возачот не ги забележал бидејќи биле во неговата т.н. слепа точка и тешкото возило поминало преку нив. Сите итно биле згрижени на Загребската клиника Ребро, а едно од нив е во тешка состојба.