Во Белград гори голем трговски центар. Станува збор за таканаречениот кинески трговски центар. Во тек е евакуација на сите луѓе бидејќи се стравува од експлозии на плински боци. Пожарот избувнал нешто пред седум часот. Огнот голта сѐ пред себе, пишува Телеграф. Со пожарот се борат три хеликоптери и многу пожарникари. Според Телеграф, има над 50 […]
Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Поради недостиг на работна сила, со предложените измени кои ќе бидат на јавна расправа […]
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Црна Гора. Од РТЦГ известуваат дека се огласиле и од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора. „На 23.01.2024 година во 23.47 часот, Одделот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со […]
Албанската полиција спроведе мега-операција низ целата земја која доведе до стотици апсења. Според информациите, само во главниот град досега се уапсени близу 100 лица, а во целата земја вкупно повеќе од 150. Апсењата се извршени во неделата и понеделникот и се осомничени за дистрибуција на дрога, главно во областите околу училиштата. Мега-операцијата „Темпули“ се одвиваше истовремено […]
Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови за регионот на Риека, Кварнер и Велебитскиот канал, а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила. Можни се налети на ветар и до 200 километри на час. Во останатиот дел од земјата важат жолти и портокалови предупредувања, исто така поради бурните […]
Во саботата попладне поради обилните врнежи пет лица останаа затрупани во Крижна јама во Словенија. На лице место интервенирале повеќе единици на спелеолошката спасувачка служба, како и пожарникари, јавува N1 Словенија. Спасувањето се уште е во тек. Како што изјави Валтер Закрајшек, шеф на Службата за спасување пештери (JRS), за N1, нуркачите успеале да стигнат […]
Eпицентарот на земјотресот беше регистриран во близина на Зеница, се појавија првите информации за материјална штета,пренесуваат босанските медиуми. Неколку минути по земјотресот дошло до прекин на струјата во Немила. Освен во Немила, струја снемало и во некои месни заедници во самата Зеница. Исто така, поради одрон на главниот пат предизвикан од земјотресот, се случи сообраќајна […]
Специјалниот суд против организиран криминал и корупција денеска донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и екс-премиер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија. Специјалниот суд против организиран криминал и корупција денеска донесе одлука со која се прифаќа […]
Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирани пијалаци. Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава за телевизијата „N1“ изјави дека денеска има „малку повеќе пациенти“ од труење со газирани пијалаци, пренесуваат хрватските медиуми. „Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина прашање е дали […]
Управата за цивилна заштита издаде претходно предупредување за опасни временски појави за Хрватска во текот на денот. „Портокалово предупредување за дожд е издадено за регионите Риека и Госпиќ, пред сè, во северниот дел на Јадранот и Горски Котар“, соопштија од Дирекцијата. На места, велат, можни се обилни врнежи од дожд и поплави. Областа на Истра […]