За моменталната ситуација во Украина, за грчката поддршка и безбедносната соработка, меѓу другото, телефонски разговарале украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на Украина преку Твитер соопшти дека во телефонскиот разговор, на Мицотакис му ги опишал ситуацијата на бојното поле и актуелните одбранбени предизвици со […]
Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија. Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов, а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај. Утре попладне Ескобар ќе оствари средба со […]
Тримесечното бело тигарче кое пред шест седмици во лоша состојба беше напуштено пред Зоолошката градина во Атина, и покрај напорите на ветеринарите во изминатиот период, не успеа да се излечи,а поради сериозните здравствени проблеми, евтаназијата беше единственото решение, јави дописничката на МИА од Атина. -Малата Хасија денеска безболно си замина во просторот каде што живееше во […]
Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека не разговарале за бесплатно обезбедување бугарски борбени авиони МиГ-29 за Украина. Ова го посочува прес-центарот на Министерството по повод веста на Си-Ен-Ен, според која Бугарија изразила подготвеност да и подари борбени авиони на Украина. Медиумот се повикуваат на документи на Пентагон објавени на социјални мрежи. Според документот, Бугарија на […]
Обвинителството на Босна и Херцеговина формира неколку случаи против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот во Сребреница. Обвинителството на БиХ работи на неколку случаи во кои е вмешан Милорад Додик, во својство на пријавено или осомничено лице. Обвинителите ги проверуваат наводите од пријавите, по што ќе бидат донесени одлуки за иницирање или не […]
Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја. Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн. Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно. “Во моментов состојбата е добра. […]
По повикот на лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас до претседателот на државата и Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ да го каже точниот датум кога ќе се одржат вонредните белградски и вонредните парламентарни избори, истакнувајќи дека „Србија е на пресвртница“ и дека Вучиќ јавно ветил дека во април ќе се […]
Албанските власти заплениле поголема количина компири и друга шверцувана стока кај граничниот премин Горица-Стење која со помош на цариник и вработен во граничната полиција две лица се обиделе да ја внесат од македонска на албанска територија. Во акцијата уапсени се две лица жители на село Орман, општина Малиќ, цариникот, како и еден полицаец од преминот […]
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека европскиот план за патот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, прифатен во Брисел, е празвно обврзувачки иако во Охрид не беше потпишан. Тој, уште оцени дека Приштина не сака да го потпише договорот, туку да ги протера Србите од Косово. „Интересот на Приштина не […]
Стравично злосторство ја потресе Албанија, кога рано утрово 40-годишниот Роланд Синани со пиштол ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа се застрелал во дворот на семејниот дом, пишува Нтв ал. Албанската полиција го пронашла оружјето со кое е извршено убиството на неколку метри од […]