Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, кој се реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје, Канцеларијата на УНДП и Општина Струга, денес во посета на локалната самоуправа беше постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан. За време на посетата беше извршен официјален трансфер на сопственоста на опремата набавена […]
Во тек се преговорите за составот на Советот на Општина Струга. Неофицијално, од Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лабуништа информираат дека нивен предлог за нов директор на основното училиште „Мурат Лабуништи“ е Решат Арсланоски, професор во истото училиште. Останува да се види како ќе се одвиваат преговорите и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие раководењето со […]
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување за потенцијална опасност од излевање на реките. Предупредувањето се однесува на денешниот и утрешниот ден. Според објавената карта на УХМР во деловите кои се обоени во жолта боја, станува збор за западните, југозападните, северните и североисточните делови од државава, постои потенцијална опасност. Делот од територијата […]
На ден 14.11.2025 беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Струга. На дневен ред на оваа седница се најде и точка за избор на претседател на Советот на Општина Струга. Како предлог од коалицијата на Националната Алијанса за Интеграција (АКИ) беше предложен советникот Асим Саитоски од селото Лабуништа, кој беше одбиен од мнозинството во […]
ЈЗУ Здравствен дом Вевчани денес ја спроведува здравствената акција „Здравје за сите“, која започна во 09:00 часот во амбулантата во село Лабуништа. Граѓаните имаат можност да извршат бесплатни здравствени прегледи и да добијат консултации од медицинскиот тим од Вевчани. Акцијата има за цел навремена превенција и унапредување на здравјето на локалното население, со приближување на […]
Криминалистичката полиција при ОВР Струга при претрес во сместувачки објект во Струга затекнале четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален претстој во земјата. Кај нив пронајдена и одземена била марихуана, дробилка и други предмети. СВР Охрид денеска соопшто дека на 12 ноември во 7 часот и 50 минути во сместувачки […]
Општина Струга ги известува граѓаните дека во рок од 10 дена од објавата на соопштението се должни да ги отстранат сите привремени објекти за кои рокот за поставување на урбана опрема за тековната 2025 година е истечен. Обврската се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламни материјали, земјоделски производи, градежни материјали и слични објекти […]
Во атарот на селото Лабуништа, поточно во пределот од Гола Краста низ шумата кон Бачилата кај Беџет, за првпат е забележан балкански рис – еден од најзагрозените видови на Балканот и во Европа. Според добиените информации, рисот се задржал на територијата само два дена, по што повеќе не бил забележан. Се претпоставува дека причината за […]
Се известуваат сите граѓани дека Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќира, ќе прима странки во својот кабинет секој работен ден од 14:00 до 16:30 часот. Овој термин е наменет за директна комуникација со граѓаните, изнесување на предлози, прашања и иницијативи од локален интерес.
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на горивата кои ќе започнат да важат од полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар. Исто за 0,5 денари се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и од утре ќе […]