Менди Ќира освои 9.934 гласови (37,71%), а Арсим Далипи освои 9.719 гласови (36,90%). поред податоците од Државната изборна комисија за градоначалничката позиција во Струга во втор круг ќе се борат независниот кандидат Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, […]
ВМРО-ДПМНЕ е победник во првиот круг на локалните избори во 2025 година. Владеачката партија освои 32 градоначалнички места по првиот круг од локалните избори според податоците објавени од Државната изборна комисија по избројани повеќе од 99% од гласовите. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во: Битола, Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Охрид, Делчево, Радовиш, Кавадарци, Вевчани, Свети […]
Излезеноста за локалните избори до 9 часот во Струга и Струшко е 2,2 отсто, додека во Вевчани 5,02 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. Изборниот процес во двете општини, според нив, тече непречено. Во Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61.956 лица, додека […]
Во Лабуништа сите гласачки места за локалните избори за градоначалник и Совет на општина Струга утрово беа отворени навреме. Гласањето се одвива мирно и во најдобар ред, без забележани неправилности.
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без […]
Во Лабуништа, сите гласачки места за локалните избори за градоначалник и Совет на општина Струга утрово беа отворени навреме. Гласањето се одвива мирно и во најдобар ред. Право на глас во Лабуништа имаат 6.664 граѓани.
Денес, во посета на Лабуништа, беше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски. Настанот претставуваше извонредна можност за граѓаните од Лабуништа и поширокиот регион да се запознаат одблиску со плановите, визијата и политиките кои партијата ги промовира за подобра и посилна иднина на Република Македонија. Господинот Мицкоски се обрати пред присутните, говорејќи за актуелните […]
Утре (петок) со почеток во 14:30 часот, во просториите на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Лабуништа, ќе се одржи средба со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски. Настанот претставува извонредна можност за граѓаните да се запознаат одблиску со плановите, визијата и политиките кои партијата ги промовира за подобра и посилна иднина на Република Македонија. […]
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира , вечерва ќе ја одржи својата завршна средба со жителите на Лабуништа. Кампањата, како што истакна Ќира , ја започнал со жителите на оваа населба, а со нив сака и да ја заврши. Настанот ќе се одржи вечерва во 21:00 часот во штабот на кандидатот во […]
Денес кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира , одржа прес-конференција на која ги презентираше најважните проекти и визијата за развој на Струга и струшкиот регион. Во своето обраќање до јавноста, Ќира истакна дека неговата програма се темели на реални и изводливи решенија кои директно ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.Тој најави конкретни […]