„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните, велат од МВР. „Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е […]
Со инвестиција од еден милион евра, Меѓународниот аеродром Скопје ја надгради безбедносната контрола преку воведување на два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж и две автоматизирани ленти. Новата опрема е набавена од британската компанија „Smiths Detection“ и од денеска е официјално пуштена во функција. Новите системи обезбедуваат поголема прецизност при детекција […]
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од полноќ ќе стапат во сила нови малопродажни цени. Во просек, цените се намалуваат за 0,27 отсто, но бензините ќе поскапат, додека дизелот ќе поевтини. Според одлуката, од 30 јуни во 00:01 часот, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) […]
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град. […]
Македонија влегува во период на екстремно високи температури, а според најавите во делови од земјата живата во термометарот ќе надмине 40 степени. Следните неколку дена ќе преовладува сончево и многу топло време, со особено изразен ефект на жештина во котлините и урбаните средини. Најтопло се очекува да биде на почетокот на следната недела, кога температурите […]
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и […]
Летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година, кога во 2 часот по полноќ часовниците се поместуваат еден час напред, односно директно на 3 часот. Ова значи дека ноќта ќе биде пократка за еден час, а деновите ќе станат подолги. Промената се случува во ноќта меѓу сабота и недела и е дел од […]
Стабилноста на денарот и довербата на граѓаните во домашниот банкарски систем остануваат силни, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во разговор за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Секое краткотрајно потресување предизвикано од неизвесност се надминува брзо, а депозитите дури бележат раст. Ова јасно ја покажува довербата на граѓаните во нашите банки“, […]
Од утре следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Од денеска на територијата на Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, официјално започна имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци „Безбеден град“. Во првата фаза, системот ќе детектира четири најчести прекршоци – непрописно паркирање, пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло и управување возило со истечена сообраќајна […]