лужбата за мобилни скенери спречи обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка. Мигрантите се откриени при детална контрола на двe товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети. Во првиот […]
РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на минатата недела. Од полноќ бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот за 1,50 денари по литар. Ова се новите цени кои ќе важат од 27.05.2025 година: ЕУРОСУПЕР БС-95 75,00 ден/лит,ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит,ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 65,50 ден/лит.
Управата за јавни приходи ја започна исплатата на средства за скенираните сметки за првото тримесечје од 2025 година. – За првото тримесечје од 2025 година кон 496.531 корисници на апликацијата МојДДВ ќе се исплатат вкупно 790,5 милиони денари. До 19 Мај, исплатени се 240 милиони денари кон 152.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, […]
енкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25. Организатори на вежбата се Европската команда на САД/Команда на копнените сили на САД за Европа и за Африка и АРМ. Вежбата ќе се изведе од 26 мај до 9 јуни. Вежбата Immediate Response 25 […]
АМСМ информира дека од 10:15 часот на автопатот Гостивар – Тетово на 1км после наплатната станица Гостивар (правец кон Тетово), сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по околните патишта.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови на земјата. Минималната температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната од 18 до 25 […]
„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека […]
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во […]
Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2025 година изнесува 44 763 денари, што претставува пораст од 10,5 % во споредба со истиот месец претходната година. Според ДЗС, ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во следните области: Образование за 15,8 […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека денес вицепремиерот Николовски во Лондон го потпишува договорот со Британската Влада и најавата за изградба на нов факултет во Штип, изјави: „Што се однесува на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, денес се потпишува. Таму е македонска делегација во којашто се потпретседателите на […]