Под мотото „Трчаме рецитираме“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“ на 26 мај годинава во Струга ќе се одржи четвртото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“. Манифестацијата, како што соопшти организаторот, и годинава ќе содржи три трки, главната атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри, а […]
– Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко денеска оствари средба со членовите на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“. – На средбата се разговараше за моменталната состојба на крајбрежјето и предизвиците со кои се соочува општина Струга, како и за најсоодветните чекори за во иднина со цел заштита на […]
Денеска (29.03.2024) во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа. Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Навремена пријава на пожар и брза интервенција на Струшките пожарникари, спречи пожар во Струга. И покрај тесните улички и паркираните автомобили на самата улица што допринесува за потежок пристап до местото, пожарникарите експрено реагираа и пожарот беше веднаш локализиран и изгаснат. Извор:ohrid1.com
На 26.03.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани […]
На 24-ти март 2024 година, во 19:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со нискостеблеста вегетација во близина на струшкото село Калишта. – Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.
Се известуваат граѓаните на Лабуништа и Подгорци дека од 19.03.2024 Вторник до 22.04.2024 Петок ке се врши поправка и асфалтирање на локалниот пат од Лабуништа до Подгорци, и истиот ќе биде затворен за сообраќај во наведените денови од 10:00 до 16:00 часот. Ги молиме граѓаните да ги користат локалните алтернативни патишта. Со почит месна заедница […]
Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга. Мобилната апликација, како што појансуваат, може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore или со скенирање на приложениот баркод. – Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што […]
На 16.03.2024 во 09.15 часот било пријавено дека во Струга на ул.,,Боро Хаџиески“ патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Кавадарци, удрило во Љ.Н.(71) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица […]