Вчера, во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопшти МВР. По […]
На 24 Јануари во просториите на Црвениот крст на Струга беше организиран завршен настан за доделување на сертификати на учесниците во обуката за ,, Личен асистент на лица со попреченост “. На истата обука успешно беа сертифицирани 16 нови асистенти. Обуката се одвиваше во периодот од 13.10.2023 до 15.12.2023 во Просториите на Црвен крст Струга […]
На 19.01.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионален пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од с.Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид […]
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 14-ти јануари 2024 година, во 00:17 часот регистрираше земјотрес со епицентар на 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5. – Според досегашните податоци со кои […]
– На 9-ти јануари 2024 година, во 18:20 часот, во ОВР Струга приведено е 45-годишно лице од Струга, кое претходно, во трговски центар во Струга било затекнато при извршување кривично дело „кражба“. – Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР
– Владата на Република Македонија распиша четири јавни повици за добивање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, распоредени во 34 региони во 878 катастарски општини. Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски […]
На 06.01.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Струга, на кружниот тек од ул.„ЈНА“ со ул.„Маркс Енгелсова“, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(46) од Струга, удрило во пешакот З.Н.(62) од Струга. Во несреќата З.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. […]
Децата родени во Струга во новата 2024 година , денеска добија ваучери во вредност од 15 000 денари, подарок од градоначалникот на Струга, Рамис Мерко. Градоначалникот во присуство на директорот на болницата, Арменд Арслани, ги посети родилките и им посака брзо закрепнување за да се грижат за своите деца, додека за новороденчињата посака многу здравје […]
За девојче од Струга синоќешната прошетка низ центарот на Струга и семејното фотографирање можело да биде кобно. Девојчето ја ставило раката на металната конструкција од новогодишниот украс „2024“ за да се фотографира. Но во тој момент добило струен удар, но за среќа без посериозни последици, јавува ВОКС Струга. Според таткото на девојчето, ударот можел да биде […]
Во 4 часот и 30 минути по полноќ, на улицата „Боро Дуни“ во Струга забележано е нарушување на јавниот ред и мир. Две лица, едното од Струга а другото од струшко село најнапред вербално се расправале, а потоа и физички се пресметале. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. Организиран дочек на Новата Година во Струга […]