Во Линц, на 22.11.2025 година, се одржа донаторска вечер за доградба на Мехмед Али Пашина џамија. Настанот беше организиран од Лабунишката дијаспора од Горна Австрија.
Општина Струга информира дека започнуваат градежните работи за реконструкција и замена на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од улица „Маршал Тито“, на раскрсницата со улица „Велко Влаховиќ“ (крак 4). Од утре, 02.12.2025, ќе се изведуваат активности на следните делници: Денес во Општина Струга се одржа координативен состанок со претставници на изведувачот „Маркоски К73“, ЈП „Водовод […]
Струга ќе биде почиста – во градот пристигнуваат две нови специјализирани возила за собирање отпад, наменети за тесните улици во централното градско подрачје. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.200.000 денари. Во текот на 2025 година, Центарот за развој на Југозападниот плански регион го спроведува проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“, финансиран преку Програмата […]
Со голема радост ја известуваме јавноста дека на 28 декември ќе се одржи Кура’анска вечер во спортската сала во Лабуништа. Оваа година настанот се организира заеднички со здружението „Младина Нова Горица“, кои со голема желба ја прифатија соработката на овој проект и хумана активност. Сите собрани средства ќе бидат наменети за доградба на Мехмед Али […]
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, упати честитка до сите граѓани по повод 28 Ноември – Денот на Знамето и Денот на Независноста на Албанија. Во пораката тој ја истакнува длабоката симболика на овој историски датум и значењето што го носи за албанскиот народ. „Денес, со срце исполнето со гордост, се поклонувам со длабока почит пред […]
Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, кој се реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје, Канцеларијата на УНДП и Општина Струга, денес во посета на локалната самоуправа беше постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан. За време на посетата беше извршен официјален трансфер на сопственоста на опремата набавена […]
Во тек се преговорите за составот на Советот на Општина Струга. Неофицијално, од Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лабуништа информираат дека нивен предлог за нов директор на основното училиште „Мурат Лабуништи“ е Решат Арсланоски, професор во истото училиште. Останува да се види како ќе се одвиваат преговорите и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие раководењето со […]
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување за потенцијална опасност од излевање на реките. Предупредувањето се однесува на денешниот и утрешниот ден. Според објавената карта на УХМР во деловите кои се обоени во жолта боја, станува збор за западните, југозападните, северните и североисточните делови од државава, постои потенцијална опасност. Делот од територијата […]
На ден 14.11.2025 беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Струга. На дневен ред на оваа седница се најде и точка за избор на претседател на Советот на Општина Струга. Како предлог од коалицијата на Националната Алијанса за Интеграција (АКИ) беше предложен советникот Асим Саитоски од селото Лабуништа, кој беше одбиен од мнозинството во […]
ЈЗУ Здравствен дом Вевчани денес ја спроведува здравствената акција „Здравје за сите“, која започна во 09:00 часот во амбулантата во село Лабуништа. Граѓаните имаат можност да извршат бесплатни здравствени прегледи и да добијат консултации од медицинскиот тим од Вевчани. Акцијата има за цел навремена превенција и унапредување на здравјето на локалното население, со приближување на […]