Денес на регионалниот пат Струга – Ќафасан, во близина на селото Калишта, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две товарни возила. Според првичните информации од очевидци, еден од возачите – државјанин на Албанија – се здобил со телесни повреди и итно бил пренесен во Општата болница во Струга. На местото на настанот интервенирале полициските […]
Во понеделник, 30-ти јуни, во Служба за трансфузија нефрологија-Струга ќе се одржи крводарителска акција во организација на Црвен крст-Струга. – Се повикуваат сите вработени во Полициската станица во Струга, како и граѓани кои сакаат да даруваат крв за да спасат нечиј живот. Ве очекуваме, порачуваат од Црвен крст Струга. Акцијата ќе се одржи во периодот […]
Дали е варварски да се создава уметност во предвечерие на војната? Филозофите-оптимисти кои веруваат во надеж ќе кажат дека будалите кои на војната ѝ гледаат во очи, ќе го спасат светот. Не затоа што не се плашат, туку затоа што веруваат дека уметноста и убавото можат да спречат страшната ноќ по предвечерието никогаш да не […]
Во периодот од 21-ви до 24-ти јуни 2025 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро. – Притоа, на околу 1.500 метри над […]
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага […]
Вчера на 11 јуни 2025 година, на спортските терени во спортскиотцентар на Билјанини Извори во Охрид се одржаа 29-те Регионалнипензионерски натпревари од 4 регион.Лабунишките пензионери спортисти предводени од претседателотЛутвија Салоски и секретарот Алија Беќироски се натпреваруваа во неколкудисциплини и тоа: трчање, скокање, фрлање ѓуле, шутирање пенали на малиголчиња, играње домино и табла.На крајот од настанот […]
– На 12-ти јуни 2025 година, во 04:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, две лица, со употреба на сила внеле 22-годишна девојка од Скопје во патничко возило и заминале од местото. – Во 09:11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница […]
Полицијата синоќа го лишила од слобода Д.Б.(60) од струшко Пискупштина на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“. По преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта. Како што информира МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ […]
Почитувани, ве известуваме дека од 11.06.2025 (СРЕДА) ЈКП ХИГИЕНА Лабуништа сметот од домаќинствата ќе почне да се собира од 07:00 часот, Наутро Со Почит ЈКП ХИГИЕНА ЛАБУНИШТА
Младите до 29 години со добра бизнис идеја, и претприемнички афинитети може да аплицираат за грант до 10, додека пак постарите од 29 годишна возраст лимитот е до седум илјади евра.Власта објави јавен повик за подршка за самовработување и создавање сопствен бизнис, финансии на оперативниот план за 2025 година. Дополнително, за невработените луѓе со интелектуална […]