Европската Унија планира нов пакет санкции против Москва, кои ќе бидат усвоени до годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – До 24 февруари, точно една година по почетокот на инвазијата, имаме за цел да го воведеме десеттиот пакет санкции, рече Фон дер […]
Снегот и силниот ветер денеска доведоа до отежнати услови за сообраќај на патиштата во јужна Германија, а полицијата во Долна Баварија пријави речиси 100 инциденти. Поради силниот ветер паднаа дрвја, а многу возачи завршија во канали покрај патот, соопштија од итните служби, со предупредување за поледица. Германската метеоролошка служба предвиде силни ветрови, снежни наноси и […]
Повеќе од половина милион еврејски доселеници сега живеат на Западниот Брег, соопшти група за поддршка, а нивните лидери предвидуваат уште побрз раст под новата израелска ултра-националистичка влада. Како што е наведено, популацијата на еврејските доселеници порасна на 502.991 до 1 јануари, што е зголемување од 2,5 отсто за 12 месеци и за речиси 16 отсто […]
Холандија пријави случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) на сточарска фарма, нагласувајќи дека месото од заболеното животно не влегло во синџирот на исхрана, така што нема опасност по јавното здравје. Јадењето месо од животно кое боледува од „кравјо лудило“ може да предизвика смртоносна болест Кројцфелд-Јакоб кај луѓето, потсетува ДПА. Министерството за земјоделство го информираше парламентот […]
Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи. Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари. Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле […]
Пет лица загинаа во пожар во зграда во која се сместени градежни работници во пристанишниот град Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим, пренесе ДПА. Телата на загинатите мажи биле откриени откако пожарот бил изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната. Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим, кој повеќето земји го признаваат како […]
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари. Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година. Со таков напад би […]
Постојаната претставничка на Малта во Советот за безбедност на Обединетите нации, Ванеса Фрејзер, земјата која во моментов претседава со ова тело на ОН, денеака изјави дека Русија побарала седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина да се одржи на 8 февруари. Првиот заменик претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Полјански, појасни […]
Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби во регионот се провокација и рече дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг. Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон КНДР (Северна Кореја) и дека бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес […]
Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата. Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението. Додаваат […]