Грета Тунберг ја обвини политичката и деловната елита на Светскиот економски форум во Давос дека ја става „корпоративната алчност“ и „краткорочниот профит“ над планетата. Зборувајќи заедно со другите активисти во Давос во Швајцарија, Тунберг (20) рече дека елитата е „во сржта на климатската криза“ и го поттикнува уништувањето на планетата. Коментарите на Тунберг следат по […]
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека ќе ја поддржува Украина толку колку што е потребно и го претстави најновиот пакет воена поддршка, кој го вклучува системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, оклопни транспортери и големи количини. муниција, но не и врвниот борбен тенк на американската армија, „М1 Абрамс“. На состанокот во воздухопловната база […]
Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасна ситуација, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Гроси за Би-Би-Си изјави дека се обидува да преговара за безбедна зона околу централата, но нагласи дека ризикот останува. – Ние сме под огромна опасност. Постои нешто што можеме да направиме во врска со […]
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс тајно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од минатата недела во Киев за да разговара за тоа, според него, што планира Русија во наредните недели и месеци, јави Вашингтон пост. Според весникот, која се повикува на американски официјални претставници и други познати извори […]
Неочекуваната објава за оставка го означи крајот на петгодишниот мандат на новозеландската премиерка Џасинда Ардерн, која доби меѓународна пофалба за нејзиното емпатично лидерство за време на неколку кризи. Во услови на притисоците поради зголемените трошоци за живот и зголеменото незадоволство во јавноста, нејзината популарност неодамна почна да опаѓа во корист на главната конзервативна опозиција пред […]
Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите […]
Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија. ТАСС наведува дека предлог-законот е изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, на мрежата Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на […]
Американската вселенска агенција НАСА и производителот на воздухопловни средства „Боинг“ објавија здружување заради развој на идната генерација комерцијални авиони со помалку испуштање јаглерод. НАСА во овој проект ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години, а „Боинг“ и неговите партнери – околу 725 милиони долари. – Целта се комерцијални авиони што ќе бидат […]
Поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев имаше успешна операција на срцето и неговиот живот не е во опасност, соопшти денеска неговата прес-служба. Објавувањето на веста следи по извештаите на казахстанските медиуми дека Назарбаев (82), кој три децении ја водеше земјата богата со нафта, се наоѓа во болница. Назарбаев беше на чело на Казахстан од 1989 […]
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на САД за новиот пакет воена помош што Вашингтон го објави синоќа. Новата помош од 2,5 милијарди долари вклучува и неколку стотици оклопни возила. Сепак, меѓу ветената воена опрема нема тенкови Абрамс. Зеленски ја дефинираше новата помош како важна за борбата на Украина против агресорот.