Руски беспилотни летала погодија станбени згради во вториот по големина град во Украина, Харков, при што беа повредени 32 лица, меѓу кои и две деца, предизвикувајќи пожари и принудувајќи десетици лица да ги напуштат своите домови, соопштија регионалните власти. Според прелиминарните информации, руските сили лансирале 19 дронови во областите Слобидски, Основјански и Немишалски по полноќ, […]
Девет лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Тернопољ, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Телеграм, додавајќи дека во нападот врз Харков биле повредени најмалку 46 луѓе, а дека во ноќта меѓу 18 и 19 ноември Русија лансирала повеќе од 470 борбени дронови и 48 ракети од различни типови врз територијата […]
Романија денес крена борбени авиони откако дрон влезе во нејзиниот воздушен простор за време на руски напад врз украинската инфраструктура во близина на границата, соопшти Министерството за одбрана. Романија, членка на Европската Унија и НАТО, која дели граница со Украина од околу 650 километри, веќе постојано се соочува со остатоци од руски беспилотни летала што […]
Судот во Бангладеш ја осуди поранешната премиерка Шеик Хасина на смрт, прогласувајќи ја виновна за наредување за смртоносното задушување на немирите што доведоа до нејзин пад во 2024 година. „Сите елементи на злосторство против човештвото се присутни“, рече судијата Голам Мортуза Мозумдер, додавајќи: „Одлучивме да изречеме само една казна: смртна казна.“ Обвинетата е во азил […]
Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот во кој патувале се запалил во близина на Медина во Саудиска Арабија, изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад. Во автобусот имало 46 патници, изјави ВЦ Саџанар на прес-конференција. Тој додаде дека човекот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделот за интензивна нега во локална […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е решен да ги одржи односите со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај растечката фрустрација, додавајќи дека „не завршил со него“. Трамп во неделата објави дека ќе испрати оружје во Украина , додека Москва продолжува со бомбардирањето и одбива да се согласи на прекин на огнот. Како дел од […]
Обилните дождови што го погодија италијанскиот регион Фриули во текот на ноќта предизвикаа сериозни последици и доведоа до вонредна состојба на неколку локации. Во градот Брачан, во општина Крмин, недалеку од словенечката граница, масовно свлечиште затрупа и сруши трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека потрагата по уште двајца жители […]
Еден од најбараните нарко-босови во Еквадор, кој ја лажирал сопствената смрт и избегал во Шпанија, е уапсен во Малага, потврди претседателот на Еквадор. Вилмер Чаварија, познат како „Пипо“ и водач на озлогласената банда Лос Лобос, беше уапсен вчера во заедничка операција на еквадорската и шпанската полиција, објави Скај њуз . Според претседателот Даниел Нобоа, во 2021 година, […]
Вооружени напаѓачи киднапирале 25 ученички од интернат во северозападна Нигерија, потврди полицијата. Еден член на персоналот е убиен, а друг е повреден во нападот, кој се случил рано утрово, јавува Скај њуз. Нападот се случил во 4 часот наутро по локално време во интернатот во Мага, државата Кеби. Портпаролот на полицијата, Нафиу Абубакар Котаркоши, изјави […]
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави нова иницијатива за странски државјани кои планираат да патуваат во Соединетите Држави за претстојното Светско првенство, што ќе им овозможи побрзо да закажат интервјуа за виза. Програмата, наречена „FIFA PASS“, ќе им овозможи на навивачите кои купиле билети преку ФИФА да добијат приоритетни термини за виза, додека администрацијата […]