Шпанските метеоролошки служби денес издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија поради обилни врнежи од дожд и бура, објавија локалните медиуми. Во Тарагона, во текот на попладнето наврнаа 53 литри дожд на квадратен метар, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, објави агенцијата Ефе. Метеоролозите предупредија дека од денес до понеделник во регионот Валенсија може да […]
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на собир на генерали на американската армија во Квантико, Вирџинија, свикан од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, според внатрешен документ на Министерството до кој имаше пристап „Вашингтон пост“. „Имаме потврда од Белата куќа дека американскиот претседател ќе присуствува во вторник“, се вели во документот, но […]
Едно лице е убиено, а девет други се повредени по масовно пукање и пожар во мормонска црква во Мичиген, соопшти полицијата. Градоначалникот на општина Гранд Блан, Вилијам Рејниер, на прес-конференција објави дека осомничениот е убиен од полицијата и дека двајцата повредени се во критична состојба. Тој додаде дека осомничениот е 40-годишен маж од Бартон, кој […]
Ураганот Умберто, кој се движи над Атлантикот во близина на американскиот брег, се засили на категорија 5 во саботата, а ослабе на категорија 4 во неделата, објави Националниот центар за урагани на САД. Во соопштението се наведува дека е на сила предупредување за тропска бура за областа околу Бермудскиот архипелаг, објави CBS News. Оваа бура […]
Владејачката партија за акција и солидарност води на парламентарните избори во Молдавија откако беа преброени 40% од гласовите. Според податоците од Централната изборна комисија, таа добила 41,22% од гласовите, додека опозицискиот Патриотски блок добил 30,74%. Алтернативниот блок е трет со 7,86%, а партијата Демократија дома е четврта со 6,91%. Парламентарните избори се одржаа во услови […]
Владејачката либерално-конзервативна Партија за акција и солидарност (ПАС) го одбрани мнозинството на парламентарните избори во Молдавија. Според конечните резултати на изборната комисија, по преброени над 99,5 отсто од гласовите, ПАС освои 50,03 проценти. На второ место се најде прорускиот Патриотски блок со 24,3 проценти од гласовите. Влез во парламентот обезбедија и сојузот Алтернатива (8%), партијата […]
Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, потврди дека Трамп му дал одобрение на Киев да изврши напади со долг дострел на руска територија. Келог го изјави ова во интервју за „Фокс њуз“. Кога беше директно прашан дали ставот на Трамп значи дека Украина може да започне напади со долг дострел […]
Две лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати откако тајфунот Буалој го погоди Виетнам, оштетувајќи куќи и соборувајќи далноводи, а бурата донесе обилни дождови и огромни бранови. Според извештајот на националната метеоролошка агенција, Буалои се движел по северно-централниот брег на земјата пред да удри во копното рано наутро во понеделник, предизвикувајќи бранови високи и […]
Данска ги забрани сите летови на цивилни дронови до 3 октомври, пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот министер за транспорт. Министерството објави дека одлуката е донесена за „олеснување на безбедносната работа“ на полицијата, објаснувајќи дека не можат да дозволат „странски дронови да создаваат несигурност и одвлекување на вниманието“. Данска, како и неколку други европски […]
Сириски суд издаде налог за апсење во отсуство на поранешниот претседател Башар ал-Асад по обвинение поврзано со инцидентите во Дара од 2011 година. Истражниот судија од Дамаск, Тавфик ал-Али, за новинската агенција Сана изјави дека налогот за апсење вклучува обвиненија за убиство со умисла, тортура што довела до смрт и лишување од слобода. Судската одлука […]