Францускиот претседател Емануел Макрон „ќе назначи премиер во рок од 48 часа“ врз основа на заклучоците од разговорите што ги водел премиерот во заминување Себастијан Лекорну со различни политички сили, објави во среда канцеларијата на шефот на француската држава. Непосредно пред тоа, Себастијан Лекорну процени дека назначувањето на нов премиер ќе се случи во рок […]
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде подложен на „годишен рутински медицински преглед“ во Националната воена болница „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон во петок, објави неговата портпаролка Каролин Ливит во соопштението во среда. Трамп (79) бил подложен на преглед во април, по што изјавил дека е во „одлична здравствена состојба“. Белата куќа во јули објави […]
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда објави дека Израел и палестинската група Хамас ја потпишаа првата фаза од мировниот договор за Газа, постигнат со посредство на САД. „Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп на платформата Truth Social, додавајќи: „Ова значи дека сите […]
Славени истрели одекнуваа низ ноќното небо, а луѓето плачеа од радост и неверица во четвртокот кога веста за мировниот договор стигна до оние во опустошената Газа – и во Израел, каде што семејствата со нетрпение го очекуваа ослободувањето на заложниците. „Ова е голем ден, голема радост“, извика Ахмед Шехајбер, раселен Палестинец, плачејќи по телефон од […]
Папата Лав XIV ќе ги посети Турција и Либан кон крајот на ноември, соопшти Ватикан. Ова ќе биде прва посета на новиот папа надвор од Италија откако беше избран на 8 мај, објави Ројтерс. Папата ќе биде во Турција од 27 до 30 ноември, каде што се очекува да се сретне со патријархот Вартоломеј од Цариград, првиот […]
Зграда во изградба се урна денес во самиот центар на Мадрид, која се наоѓа на улицат Кале Хилерас број 6. Според првичните извештаи, најмалку тројца работници се повредени , а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објави „Ел Паис“. Единаесет противпожарни екипи од градот беа испратени на местото на настанот. На тројца работници им беше […]
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се заканува дека ќе го искористи федералниот закон против бунтовниците за да го прошири распоредувањето на воен персонал во американските градови. Трамп им рече на новинарите во понеделник дека ќе размисли да го активира Законот за бунт, донесен пред повеќе од два века, за да ги заобиколи судските […]
Тропската бура Џери се формираше денес над централниот дел на Атлантскиот Океан и се очекува да се зајакне во ураган до среда. Џери е десеттата бура во оваа сезона на урагани, во која имаше три урагани за нешто повеќе од две недели, објавува CNN. Според денешните податоци, до 11:00 часот по локално време, тропската бура […]
Најмалку 18 лица загинаа денес откако автобус беше затрупан во свлечиште во индиската држава Химачал Прадеш, во округот Биласпур, објави денес Индија Телевизија. Се стравува дека повеќе патници се заробени под калта и камењата, а спасувачките операции се во тек. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење за несреќата во Биласпур.
Русија планира наскоро да го укине визниот режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија, објавува РИА Новости. „Влезен туризам: постигнување безвизен режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија во блиска иднина“, се вели во информативната белешка за медиумите по повод стратешката сесија „Развој на туризмот во Русија“, предводена од премиерот Михаил Мишустин. Се очекува до […]