Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот меѓународен поредок е загрозен од руската агресија врз неговата земја, нагласувајќи дека ако Украина падне, Русија ќе продолжи понатаму. – Не се работи само за нас. Ако ние паднеме, Русија продолжува понатаму. Има земји со империјалистички амбиции кои можат да ги преземат истите агресивни чекори. Ова е многу […]
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин. Како што пренесува Анадолија, за време на разговорот, Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот позитивен став во однос на продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито. Во соопштението од претседателскиот кабинет се посочува дека двајцата лидери разговарале и за чекорите […]
Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд. Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто […]
Гордон Мур, ко-основачот на Интел, производител на полупроводници, почина вчера на 95-годишна возраст, објави неговата поранешна компанија. Интел процесорите се наоѓаат во 70 отсто од персоналните компјутери во светот. Мур, доктор по хемија, ја основаше НМ Електроникс во 1968 година заедно со физичарот Роберт Нојс, познат како „градоначалникот на Силициумската долина“. Неколку месеци подоцна двајцата […]
Припадници на терористичката Исламска држава киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Исламска држава“, која беше поразена во Сирија во 2019 година, сè уште има свои „спијачи“ кои убиваат во Сирија и Ирак – територии што некогаш ги сметаше […]
Првиот голем шумски пожар во Европа годинава е забележан во Шпанија, каде пожарот во провинцијата Кастелон зафати повеќе од 4.000 хектари шума. Според шпанските медиуми, пожарот се шири во периметар од 40 километри на широк простор кој се протега сè до провинцијата Теруел. Поради ширењето на пожарот, властите беа принудени да евакуираат 1.500 граѓани. „Околу […]
Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси. – Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот завршен збор. […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него. На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски […]
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест. „Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението […]
Пол Русабагина, херојот од холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина. Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме. Тој […]