Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден […]
Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ. „Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија. „Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари […]
Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала во Авганистан и Пакистан, соопштија денеска владини претставници. Најмалку девет лица загинаа, а 44 лица се повредени во северозападен Пакистан, изјави претставник на пакистанската влада, додека најмалку четири лица загинаа во земјотресот во […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши државната посета на Москва и утрово ја напушти Русија. Неговиот авион полета од московскиот аеродром Внуково-2 по преполната дводневна програма разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија е првата земја што Си ја посети по неговиот реизбор за трет мандат во Кинескиот национален народен конгрес (парламент) на 10 март. […]
Три лица загинаа, а уште седум се ранети во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киев, соопштија денеска украинските власти. Регионалната воена управа на Киев на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите се уште работат на местото на нападот. Украинската војска соопшти дека […]
Банкарската криза што ја погоди Банката Силиконска долина (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата рецесија од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе […]
– Околу половина од Американците веруваат дека кривичната истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп е политички мотивирана, но големо мнозинство, исто така, веруваат дека наводите се веродостојни, според најновото истражување на јавното мислење. Дводневната анкета на Ипсос за Ројтерс, покажа дека 54 проценти од испитаниците – вклучувајќи 80 проценти од републиканците на Трамп и 32 […]
Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО, јави ДПА. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа. Резултатот ќе биде јасен доцна попладне, бидејќи се очекува пратениците да гласаат „за“ пристапувањето. Приклучувањето кон Алијансата ќе бара законски измени што мора да бидат одобрени. Сепак, гласањето не гарантира влез на Шведска во воената […]
Еден ден откако француската Влада го преживеа гласањето за недоверба поради најавената реформа на пензискиот систем, францускиот Парламент со големо мнозинство го поддржа планот на Владата за инвестирање во нуклеарната енергија. Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен синоќа во францускиот Парламент со 402 гласа за […]
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека постигнал договор со украинската влада за пакет помош во износ од 15,6 милијарди долари. Планот треба да помогне „постепено економско закрепнување, истовремено создавајќи услови за долгорочен раст во контекст на постконфликтна обнова и на пат кон членство во Европската унија“, соопшти ММФ. Договорот ќе биде претставен „во следните недели“ […]